“Zavar design” освои награда за иновативен дизајн во Њујорк

Македонската компанија „Завар“, освои престижна награда за најиновативен дизајн на "Architectural digest design show “. Настанот се случуваше од 16 до 19 март во Њујорк, САД.

Генералниот менаџер на компамијата Марта Наумовска Грнарова присуствуваше на настанот каде што ја прими оваа награда од Американска асоцијација за внатрешен дизајн.

“Завар Дизајн“ се занимава со дизајнирани радиатори кои се извезуваат ширум светот. Според Марта Наумовска Грнарова со квалитетот и пристапот на дизајнот, компанијата се разликува од останатата понуда и конкуренцијата. Нивна стратешка цел е производите да ги насочат кон повисока класа на клиенти кои знаат да ја проценат вистинската вредност на производите, високиот квалитет, рачниот финиш и посебниот пристап кон дизајнот.

„Тука ја гледам предноста и местото на пазарот каде да се пласираме. Цените од друга страна не се премногу високи. тие се прифатливи и споредливи со стандардни производи. За голем број на фабрики, проблем е да направат исчекор и да покријат дел од пазарот на кој не се застапени,“ вели Наумовска Грнарова.

Наградата во Њујорк, вниманието на јавноста што го привлекоа радиаторите и интервјуата за медиумите беа одлична можност за пробив на американскиот пазар.