Новa фабрика за чипови во Дрезден - инвестиција на векот



Снабдувачот на автомобилската индустрија “Бош“ во Дрезден ќе гради фабрика за производство на чипови. Инвестицијата е наведена со една милијарда. Ова беше потврдено од страна на менаџментот на компанијата. Според “Бош“ се работи за најголемата инвестиција во 130 годишната историја на “Бош“. Конкретно се работи за фабрика за производство на технологија за сензори. “Бош“ веќе има таква фабрика во Ројтлинген и е една од водечките производители на сензори. „За нас е важно, полупроводниците да ги произведувме во сопствената фабрика", рече Дирк Хохајзел, генерален директор на “Бош“.

Одлуката за инвестицијата да се реализира во Дрезден беше донесена откако биле разгледани повеќе локации ширум светот. „Нависитна баравме локации ширум светот и на крајот беше донесена одлука, инвестицијата да биде реализирана во Дрезден. Одлучувачки не биле исклуиво субвенциите од страна на Германската влада и Владата на покрајната Саксонија туки и близината до истражувачките институти и искуството во областа на производството на полупороводници во овој регион на Германија“, нагласи тој. Дрезден важи за центар за производство на полупроводници. Познатата светска компанија “Инфинион“ своите производи со години ги произведува во Дрезден.

Сензори, сензори, сензори...

Во “Бош“ во Дрезден треба да се произведуваат чипови за сензори кои ќе бидат користени при дигиталното вмрежување. Исто така се планира вградувањето на сензорите во автомобили, пред се во воздушни перничиња. Според Бош, развојот на сензорите се уште не е завршен. Се планира во Дрезден исто така да бидат произведувани таканаречени интелегентни сензори кои би можеле да го вклучат алармот доколку постои опасност од превртување на автомобилот. Интелигентните сензори се огромен бизнис, изјавија од Бош.

фабриката за чипови на “Бош“ во Дрезден:

Инвестиции од “Бош“                             околу 1 милијарда евра
Субвенции од федералната влада      околу 200 милиони евра
Субвенции од Саксонија                         до 100 милиони евра
Почеток на изградба                                2018
Почеток на производство                       2021
Работни места                                            700

Допонителни факти не беа објавени. Останува нејасно кога ќе почне вработувањето во новата фабрика. Исто така нејасни остануваат стручните услови на кандидатите. Запрашан од новинарите дали “Бош“ со оглед на недостигот од квалификувани работници, очекува да има потешкотии при наоѓањето на потребните 700 работници, Дирк Хохајзел одговори: "Тоа нема да биде проблем“.

Исто така не беше соопштена локацијата каде ќе биде изградена фабриката во Дрезден. Според градската управа сè уште не била донесена конечна одлука. Во предвид биле повеќе локации во северниот дел на Дрезден.

Првите реакции од Берлин и Саксонија

Германската канцеларка Ангела Меркел ја поздрави одлуката за инвестицијата во Дрезден. „Фактот дека ова производство ќе биде изградено во Дрезден е силен сигнал за индустријата во Германија, но и Европа. Технологијата за полупроводници е клучна технологија за интернетот и за мрежната мобилност. Европа мора да биде пионир во оваа иновативна област."

Министер за економија на Саксонија Мартин Дулиг исто така ги поздрави плановите на “Бош“ за инвестирање во Дрезден: „Ова е прекрасна вест за цела Саксонија и за целата германската економија."

Исто така и градоначалникот на Дрезден Дирк Хилберт беше пресреќен: „Фактот што “Бош“ донесе одлука да ја реализира оваа инвестиција во Дрезден е голем знак на доверба." Хилберт повлече паралели со инвестициите на “Сименс“ и “AMD“ во 1990-тите години.

Извор: ARD, 21.06.2017 година