Проект за Дуално средно стручно образование

Делегацијата на германското стопанство во Македонија започна во април 2017 година со проектот „Дуално средно стручно образование во Македонија“. Во рамките на реформата на средно-стручниот образовен систем ќе биде преземена иницијатива за подобрување на постојните средни стручни училишта преку соработка со приватниот сектор.

За прв пат младите ќе добијат стручна обука според германски модел и по германски стандарди. Германскиот образовен модел за средно стручно образование е комбинација на теорија и пракса, а посебен акцент се става на практичната обука во самите компании.

 

Стручната обука ќе трае 3 години и е наменета за учениците во македонските средни стручни училишта. По успешно завршениот испит, ученикот ќе се стекне со општо призната диплома. Покрај тоа ученикот ќе добие сертификат од Делегацијата на германското стопанство во Македонија која го спроведува проектот со поддршка од Германското министерство за економија и енергетика, со цел стручното образование да го приближи до македонскиот пазар на трудот. Целта е Дуалното стручно образование да претставува дополнителна шанса за економски развој, но и да се докаже како ефективна алатка за долгорочна борба со невработеноста кај младите.   

Контакт

Тобијас Боле

Координатор за дуално средно стручно образование

Скопје

+389 2 329 67 86
+389 2 329 67 90
Write an e-mail

Дејан Чуповски

Проектен асистент за Дуално средно стручно образование

Скопје

+389 2 329 67 86
+389 2 329 67 90
Write an e-mail