Обука за обучувачи (Train the Trainer)

 

Успешното воведување на системот на дуално стручно образование почнува и завршува со обучувачите, кои во овој процес играат клучна улога. 

Лицата кои треба да обучуваат млади луѓе мора да поседуваат солидни педагошки вештини. Посетувањето обуки кои ги подготвуваат идните обучувачи за оваа задача е услов кој во Германија е пропишан со закон. Во рамки на подготовката на обучувачите во Германија веќе со години функционира докажаниот и во пракса испробаниот концепт „Обука за обучувачи“ (AdA), кој воведува унифицирани стандарди за квалификации според Германската регулатива за квалификација на обучувачи (AEVO). 

Четири полиња на делување

Обуката за обучувачи се дели на четири полиња на делување:

1. Поле на делување: испитување на условите за обучување и планирање на  обучувањето

2. Поле на делување: подготвување на обучувањето и учество при ангажирањето  на ученици кои  ќе се обучуваат

3. Поле на делување: спроведување на обучувањето

4. Поле на делување: завршување на обучувањето

Обука за обучувачи – International

Побарувачката за овој концепт од страна на германските компании во странство придонесе за развивање на меѓународно применливиот концепт за квалификации „Обука за обучувачи International“, кој што е исто така задолжителен за компаниите кои сакаат во странство да обучуваат по германскиот модел.

По лиценца од DIHK-Bildungs-GmbH Делегацијата на германското стопанство во Македонија им нуди на компаниите 80-часовни курсеви/обуки. Целта на овие курсеви/обуки е посредување на фундаментални работно-педагошки компетенции.


Обука за обучувачи – Basis 

Во рамки на македонскиот модел на дуално образование Делегацијата на германското стопанство во Македонија спроведува 40-часовни курсеви за обучувачи, кои се прилагодени на македонските услови.


Понуда на Делегацијата на германското стопанство во Македонија:

Резервирањето на место како и термините за 40-часовниот и 80-часовниот курс може да бидат прилагодени во согласност со Вашите потреби. Минималниот број на учесници е 12 лица. Делегацијата на германското стопанство во Македонија Ви нуди:

⦁ Врвни тренери

⦁ Концепт на обучување на обучувачите според германските стандарди 

⦁ Курикулум кој е прилагоден на македонските услови

⦁ Материјали за учење кои се подготвени од експерти од областа 

⦁ Осигурување на квалитет преку АHK-сертификати 

⦁ Курсеви и испити на македонски или германски јазик

Контакт

Тобијас Боле

Координатор за дуално средно стручно образование

Скопје

+389 2 329 67 86
+389 2 329 67 90
Write an e-mail

Дејан Чуповски

Проектен асистент за Дуално средно стручно образование

Скопје

+389 2 329 67 86
+389 2 329 67 90
Write an e-mail