Извозна иницијатива за обновливи енергии

Со цел со ширењето на германските технологии активно да се придонесе за глобалната климатска заштита и да се поддржи подобро поставеност на германските фирми на меѓународниот пазар, во 2003 година со одлука на германскиот парламент беше основана Извозната иницијатива за обновливи енергии. Оттогаш иницијативата е регулирана, координирана и финансирана од страна на Сојузното министерство за еконономија и технологија (BMWi).
Со широк спектар на мерки, извозната иницијатива ги поддржува германските фирми од областа на обновливите енергии при наоѓањето на нови пазари во странство. Широка понуда на информации, семинари, деловни патувања во странство, остварување контакти со деловни партнери од посакуваните земји, поддршка во маркетинг и многу друго се дел од поддршката која им ја нудиме на МСП за нивните активности во странство. Повеќе информации и актуелни настани на извозната иницијатива можете да најдете на www.exportinitiative.bmwi.de.

Делегацијата на Германското стопанство во Македонија спроведува по налог на BMWi разни проекти во рамките на извозната иницијатива. 

Меѓународната бизнис-платформа „B2B Renewable Energies“ е дел на извозната иницијатива  раководена од страна на мрежата на германските стопански комори во странство ширум светот. Платформата нуди можност во секој момент лесно да воспоставите контакти насекаде во светот и да ги понудите Вашите производи и услуги од областа на обновливите енергии. Исто така постои информативен портал кој нуди вести од оваа област, студии за пазарите, корисни линкови како и информации за настани ширум светот. 

Повеќе информации за B2B-порталот можете да добиете овде (Link zu www.renewablesb2b.com).