Поддршка при влез на пазарот

Нашите услуги ги прилагодуваме на Вашите потреби. Даваме оптимална поддршка на мали и средни претпријатија кои немаат големо интернационално искуство, но исто така и на големи интернационални компании. АХК Северна Македонија дел од мрежата на германските стопански комори во странство ја придружува секоја македонската фирма при влезот на пазарот во Германија, но истата услуга може да ја понудиме и за регионалните пазари: Албанија и Косово

© iStock.com/ake1150sb

Поддршка на извозот

Сакате преглед за германскиот пазар? Сакате да ги понудите Вашите производи за прв пат во Германија и барате соодветен партнер за дистрибуција? Нашиот тим располага со искуство и познавање на пазарот за оптимално да ги поддржи македонските фирми при влезот на пазарот во Германија и барањето на идеалните партнери за соработка во Германија.

  • Информации за пазарот
  • Пребарување адреси
  • Барање деловни партнери
  • Изводи од трговскиот регистар
  • Преведувачки услуги

Пратете ни го Вашето барање!

Информации за пазарот

Може да Ви дадеме информации за успешна работа на германскиот пазар - независно дали сакате Вашата фирма да ја етаблирате во Германија или сте веќе активни на германскиот пазар. Точните и за Вас релевантни информации можат да Ви помогнат, подобро да го процените германскиот пазар и да ги оптимирате Вашите активности. Со помош на нашите информации можете да добиете преглед дали пазарот е атрактивен за Вашата фирма.Ви нудиме преглед на пазарите во Германија, Албанија и Косово.

  • Анализа на конкурентноста (удел на пазарот, цени итн.)
  • Идентификација на продажни канали
  • Проценка на потенцијалот на клиенти
  • Анализа на пазарот
  • Студии за пазарот

Овие опфатни информации посочуваат која деловна област Вам ви ги нуди најдобрите шанси и каде се исплаќа да се инвестира. Доколку имате интерес и прашања, Ви стоиме на располагање! service(at)mazedonien.ahk.de

Индивидуално советување за пласман

Делегацијата на Германското стопанство во Северна Македонија нуди индивидуално советување за пласман на пазарот што подразбира дефинирање на целната група и анализа на шансите кои ги има компанијата на пазарот. Ова вклучува изработување на профили на фирми на потенцијалните клиенти и ги претставува различните начини за дистибуција. Заедно со Вас ја дефинираме стратегијата за влегување на пазарот и специјално според профилот на фирмите, кои ги барате ги наоѓаме потенцијалните германски/ македонски/ албански/ косовски партнери, дистрибутери и крајни клиенти. Исто така нудме поддршка при позиционирањето на Вашите производи на германскиот/српскиот/албанскиот или косовски пазар. Воедно на располагање Ви доставуваме основни информации за пазарот и компаниите. Делегацијата на Германското стопанство во Северна Македонија се поврзува со потенцијалните деловни партнери од Германија, Северна Македонија, Албанија и Косово и ги проверува можностите за доверлива соработка. По потреба ние договараме состаноци со компаниите кои се влезени во потесен избор, Ве советуваме во изготвување на дописот до компаниите, воедно еден од нашите експерти може да Ве придружува на разговорите за соработка со потенцијалните партнери во Германија, Северна Македонија, Албанија или Косово.

Барање деловни партнери

Делегацијата на Германското стопанство во Северна Македонија располага со мрежа на контакти и со своето долгогодишно искуство располага со одлично познавање за пазарите.

Зависно од Вашите потреби, ние за Вас можеме да ги преземеме следните активности:

1. Избор на потенцијален деловен партнер врз основа на профил изготвен од Ваша страна. Ние за Вас ги пребаруваме сопствените бази на податоци, се служиме и со екстерни адресари, каталози на бранши, саемски каталози и листи на членови на бизнис асоцијации и локални стопански комори.

2. Испраќаме дописи до потенцијалните партнери, при што можеме да Ви дадеме поддршка и во изготвувањето на концептот. Дописот го преведуваме на германски, македонски или албански јазик и го пласираме на заеднички меморандум. Покрај дописот го доставуваме и Вашето портфолио до одбраните компании од Ваша страна.

3. Објава на реклама во „Утринската телеграма на Делегацијата на Германското стопанство во Северна Македонија и Македонско-Германското стопанско здружение“.

4. Индивидуална придружба за време на состаноците која вклучува и преведувачки услуги.

Преведувачки услуги

  • Германско-Македонски (писмен и консекутивен превод)
  • Германско-Албански (писмен и консекутивен превод)
  • Дански-Македонски
  • Англиски-Македонски (писмен и консекутивен превод)

За успешна деловна комуникација Делегацијата на Германското стопанство во Северна Македонија нуди разни преведувачки услуги. Покрај поддршката од страна на нашите вработени за консултантските услуги може да Ви понудиме и преведувачка услуга. Стапете во контакт со нас за да ги избереме заедно соодветните преведувачки услуги.

Делегациски патувања

Делегацијата на германското стопанство во Македонија организира делегациски патувања за истражување на пазарите во Северна Македонија и Германија. Учесници на овие патувања може да се претставници од една компанија или пак од различни компании од истата стопанска дејност. Патувањата може да ги организираме како индивидуални програми за повеќе компании или за повеќе учесници во една компанија. Овие делегациски патува на германските компании нудат одлична можност да се запознаат со пазарот во Северна Македонија како и да ги воспостават првите деловни контакти.

Во нашата канцеларија организираме брифинзи, информативни настани, како и настани за вмрежување. На Ваше барање можеме да организираме и состаноци со високи владини претставници.

Вашите предности доколку Вашето делегациско патување го планирате заедно со нас:

  • Организациска, јазична и културна поддршка
  • Организирање на индивидуални состаноци
  • Организирање на состаноци со високи владини претставници
  • Организирање на посети на компании и разгледување на производство
  • Вмрежување со клучните актери во стопанството и мултипликатори

Виртуелна канцеларија

Дали Ви е потребно претставништво во странство?

Делегацијата на германското стопанство во Северна Македонија ги застапува германските компании во нивните продажни активности во Македонија. За малите и средни германски компании, влезот на пазарот и ширењето на бизнисот во странство претставува тешкотија. Покрај недостигот на искуството на пазарот во странство, но и растојанието со мајката компанијата во Германија, но честопати и недостаток на финансиски ресурси што дополнително го отежнува или оневозможува развојот на странски пазари. За сето ова Делегацијата на германското стопанство во Северна Македонија има решение. Како постојано застапништво претставува важна адреса за клиентите и деловните партнери кои сакаат да се етаблираат на македонскиот пазар.

Често пати деловниот обем на Вашата фирма не го оправдува вработувањето на еден вработен односно отворање на сопствена дистрибутивна канцеларија.

Вашите предности доколку се решите да работите со нас:

  • Обука на вработен од претставништвото за поединечните претпријатија
  • Ставање на располагање на македонска адреса за Вашата канцеларија, телефонски број и E-Mail-адреса како и автоматско пренасочување на пошта, повици и мејлови.
  • Преземање на комуникација со македонски клиенти
  • Превод на документација
  • Поддршка при проширувањето на кругот на клиентите

Трошоците

 

СервисТрошоци
Адреса за канцеларијаод ЕУР 60,00 месечно (во зависност од обемот во часови)*
Адреса за канцеларија, телефонски број,E-Mail адресаод ЕУР 150,00 месечно (во зависност од обемот во часови)*
Школување, преводи, Мailings итн Преглед на трошоци ви го доставаме по барање

*Компании членови на Македонско- Германското стопанско здружение добиваат 25% попуст на работните часови.