Индивидуално советување за пласман

Делегацијата на Германското стопанство во Северна Македонија нуди индивидуално советување за пласман на пазарот што подразбира дефинирање на целната група и анализа на шансите кои ги има компанијата на пазарот. Ова вклучува изработување на профили на фирми на потенцијалните клиенти и ги претставува различните начини за дистибуција. Заедно со Вас ја дефинираме стратегијата за влегување на пазарот и специјално според профилот на фирмите, кои ги барате ги наоѓаме потенцијалните германски/ македонски/ албански/ косовски партнери, дистрибутери и крајни клиенти. Исто така нудме поддршка при позиционирањето на Вашите производи на германскиот/српскиот/албанскиот или косовски пазар. Воедно на располагање Ви доставуваме основни информации за пазарот и компаниите. Делегацијата на Германското стопанство во Северна Македонија се поврзува со потенцијалните деловни партнери од Германија, Северна Македонија, Албанија и Косово и ги проверува можностите за доверлива соработка. По потреба ние договараме состаноци со компаниите кои се влезени во потесен избор, Ве советуваме во изготвување на дописот до компаниите, воедно еден од нашите експерти може да Ве придружува на разговорите за соработка со потенцијалните партнери во Германија, Северна Македонија, Албанија или Косово.