Сениорски експертски сервис

Кои се Сениор-Експерти?

Досега во регистарот се евидентирани околу 10 000 сениор-експерти. Тоа се стручњаци, кои повеќе не се професионално активни и својата работна сила бесплатно ја ставаат на располагање.

Сениор експертот нема трошоци за време на неговиот ангажман, а за секојдневните потреби добиваат мал џепарлак од околу 5 евра дневно.

При избор на експертот освен работното искуство, здравјето, познавањето на странски јазици и искуството со работа во странство релевантна е и економската независност како и способноста за прилагодување на локалните услови во местото каде ќе биде ангажиран експертот.

Јазик на пребарување во базата по индустрии: германски и англиски јазик

Кои се условите за ангажирање?

-  Основа за ангажирањето на експертот е потребата за стручно усовршување, која се проверува од страна СЕС во смисла на поставени цели, степенот на пренесување на техничкото знаење и степен на квалификации.

- Одлучувачки критериуми се подигнување на нивото на образование на локалниот персонал, подобрување на продуктивноста или создавање на сигурни работни места

- СЕС придава најголема важност на дејноста на СЕС-експертот да не ги доведе во прашање заштитените Know-how (на пример германски претпријатија). Доколку постои дилема околу ова прашање им се препорачува на експертите да ги контактираат своите поранешни претпријатија пред почетокот на својот ангажман.

- Ангажманот би требало да трае минимум две седмици, а максимум шест месеци (можни се продолженија).

Кој е налогодавач? Кој може да ангажира СЕС Експерт?

Предуслов за обработка на барањето е јасен опис на проблемот, како и на посакувани цели кои треба да се постигнат со ангажирање на експертот. (Ве молиме доставете го описот во приложениот формулар – англиски и германски јазик).

Налогодавачи се претпријатија (пред се мали и средни), образовни институции, општини, јавни установи, како и други институции. Исто така и меѓународни организации можат да испратат барање за ангажирање на СЕС Експерт.

Правната основа за ангажманот на СЕС Експертот е договорот, кој го склучуваат СЕС и Налогодавачот, како и спогодбата која ја склучуваат СЕС и СЕС Експерт.

Не постои договор помеѓу експертот и Налогодавачот, но СЕС го обврзува експертот на лојален однос кон Налогодавачот.

Не постои гаранција за ангажирање на СЕС Ескперт.

Кој го финансира ангажманот? Која е структурата на трошоците?

Трошоците се делат трошоци на местото на ангажманот (сместување, храна, локален транспорт и џепарлак за експертот), патни трошоци, како и трошоци за обработка на проектот и останати трошоци поврзани со ангажманот, настанати во СЕС.

Трошоците за ангажирање на местото на експертот како сместување, храна, локален транспорт и џепарлак за експертот (околу 5 евра дневно) го сноси Налогодавачот а сите останати трошоци ги сноси СЕС централата.

Како да поднесам барање за ангажман на СЕС Експерт?

Барањето за ангажман го поднесувате со ипраќање на пополнети формулари (формулар-германски, англиски јазик)

E-Mail: аbdulai(at)ahk.mk

Тел : 00 389 2 329 67 87

Факс : 00 389 2 329 67 90

или пак по пошта на :

Делегација на германското стопанство во Македонија

СЕС-Рамадан Абдулаи

Kлимет Охридски 30/5,

MK-1000 Скопје

Листа со бранши за СЕС-Експерти на германски и англиски јазик

Јазик на пребарување во базата по индустрии: германски и англиски јазик

Доколку имате прашања или Ви е потребна помош при поднесување на барањето Ви стоиме на располагање.

Листа со бранши за СЕС- Експерти на германски и англиски јазик

Лице за контакт

Рамадан Абдулаи