DMWV - Македонско-Германско стопанско здружение

Македонско-Германското стопанско здружение со 200 члена е најголемото билатерално стопанско здружение во Македонија и мрежа и гласноговорник на стопанствениците од Германија и Македонија кои дејствуваат на локалниот пазар и кои активно учествуваат во стопанските односи помеѓу двете држави.

Во текот на годината Македонско-Германско стопанско здружение организира повеќе од 10 сопстевени настани како и уште пет настани каде што учествува како коорганизатор. Истите имаат за цел да се унапреди мрежата на бизнис заедницата, информирање и надградба.

Редовно организираме работни деловни ручеци за членовите со интересни гости-говорници со можност за остварување контакти и работење без чувство на притисок.

Исто така се нудат работилници за практични теми каде што нашите членови имаат предност, а доколку настаните се со котизација, на нашите членови им нудиме 50% попуст. На членовите на секои два месеци им се испорачува „DMWV Newsletter“, кој што се изработува во соработка со Унијата на Германските комори за индустрија и трговија - Претставништво Скопје.

Каталог на членови, во кој се претставени фирмите-членки како и нивните производи и услуги.

Македонско-Германското стопанско здружение спроведува Анкета за деловната клима во Македонија  во која сопствените искуства и очекувања на компаниите во име на германското стопанство се претставува пред Владата и пошироката јавност. Анкетата се спроведува секоја година. Резултатите се опфаќаат во една споредбена студија со сите земји во Средна и Југоисточна Европа.

За комерцијалните услуги кои ги нуди претсавништвото на стопанската комора на Германија во Македонија, членовите на здружението добиваат попуст од во висина од 10% до 25% во зависност од услугата.

Членовите добиваат воедно и поддршка при деловни посети и индивидуални советувања!