Германски саеми - врата кон светот

 

 

Германските саеми се важни места за изложувачи и посетители од Македонија. Бројот на посетители и изложувачи од Македонија е во постојан раст.

Германија е број 1 земја во светот за организирање на меѓународни саеми, каде се одржуваат 2/3 од сите светски водечки саеми. На годишно ниво се организираат околу 150 меѓународни саеми со преку 160.000 изложувачи и околу 10 милиони посетители.

Саемите се без сомневање најдобриот маркетиншки инструмент за Вашата фирма. Тие служат за изградба и нега на Вашите врски со клиенти, изнаоѓање на деловни партнери и персонал, како и комплетно позиционирање на Вашата компанија. Накратко кажано, саемите нудат идеална платформа за комуникација, каде што се среќава светската публика од секоја бранша.

Унија на Германските комори за индустрија и трговија - Претставништво Скопје, преку својата фирма ДЕ ИНТЕРНАЦИОНАЛ Скопје, е официјален застапник на саемот Минхен, Келн и Spielwarenmesse® за Македонија и Косово.

Нашиот тим Ви ги нуди следниве услуги за Ваше успешно учество на саеми во

Германија:

 

  1. Избор на стручен саем во Германија соодветен на потребите на Вашата фирма
  2. Подготовка на комплетна информација за саемот
  3. Пресметка на трошоци за саемскиот настап
  4. Воспоставување на контакт со проектниот тим на конкретниот саем
  5. Поддршка при подготовка на документи за пријавување и координација при испраќање на сите материјали потребни за Вашето учество на саем
  6.  Совети и логистичка координација при поставувањето на Вашиот штанд
  7.  Поддршка во текот на саемскиот настап (организација на деловни состаноци, превод, итн.) 

 

 

Вашиот тим за саеми

Марија Томова Спиркоски
Марија Радевска
Рамадан Абдулај