Саем во Келн

Унија на Германските комори за индустрија и трговија - Претставништво Скопје, како претставник на саемот Келн за Македонија и Косово, Ви ги нуди сите услуги околу организацијата на Вашето учество како посетител, или настап на Вашето претпријатие како изложувач на соодветните саеми во Келн. Искористете го нашето знаење и искуство за склучување на деловни контакти, преводи и сите останати пропратни услуги. Саемот во Келн претставува еден од најголемите сајмишта на светот кој организира околу 70 меѓународни саеми. Голем број од нив се светски водечки саеми во одредени области. Меѓународниот карактер на саемите во Келн го потврдуваат и 2,2 милиона посетители годишно. Околу 1/3 од посетителите и околу 50% од изложувачите доаѓаат од странство.

Келн се наоѓа во срцето на Европа. Градот се одликува со извонредно добра сообраќајна структура. Саемот се наоѓа во центарот на градот и поседува своја сопствена Inter City Express железничка станица, до која може да се стигне директно од аеродромот со јавен превоз (S-Bahn 13). Хотелското сместување во градот располага со преку 50 000 кревети. 

Лице за контакт:

Марија Томова Спиркоски

бул. Климент Охридски 30
        MK-1000 Скопје        
Мејл: tomova(at)mazedonien.ahk.de

 Тел.: +389 2 3296 786
Факс: +389 2 3296 790