Минхенски саем

 

Саемот Минхен одржува околу 40 стручни саеми за инвестициски и потрошувачки производи, нови технологии, има годишен промет од 300 милиони евра и се вбројува во топ 5 водечки саеми на светот. Саемот Минхен располага со светска мрежа составена од 6 фирми ќерки во странство и 65 странски претставништва  кои се грижат за своите клиенти во 93 земји.

Во 1998 година е отворено новото сајмиште. Саемот Минхен  важи за еден од најмодерните и најфункционалните саеми на светот. Минхенскиот саем располага со 17 хали со вкупна површина од 180.000 m² . Дополнително има и слободна површина од 360.000 m². Сите хали се опремени со најмодерната комуникациска технологија, вклучувајќи и интернет пристап на секое место од саемот.

Преку 30.000 изложувачи од 100 земји и преку два милиони посетители од  200 земји учествуваат секоја година на саемите во Минхен. Минхенскиот саем организира и саеми во Азија, Русија, на блискиот Исток и во Јужна Америка.

Саемски бранши и области:

  • Градежна индустрија
  • Технологија за животна средина
  • Технологија за пијалоци
  • Транспорт и логистика
  • Керамичка индустрија
  • Автоматика и роботика
  • Индустриско одржување
  • Комерцијални недвижности
  • Спортски производи и спортска мода
  • Часовници и накит
  • Туризам
  • Електроника
  • ИТ и медиа
  • Аналитика и животни науки

Унија на Германските комори за индустрија и трговија - Претставништво Скопје, преку својата фирма ДЕ ИНТЕРНАЦИОНАЛ Скопје, е од Јануари 2010 година официјален застапник на саемот Минхен за Македонија, Албанија и Косово.

Лице за контакт:

 Марија Томова Спиркоски

бул. Климент Охридски 30

1000 Скопје

Мејл: tomova(at)mazedonien.ahk.de

Тел.: +389 2 3228 824

Факс: +389 2 3296 790