Делегација на Германското стопанство во Македонија

бул. ВМРО 3/1/1

1000 Скопје Македонија

Тел. +389 2 3296 785

 Факс: +389 2 3296 790

 E-Mail: service(at)mazedonien.ahk.de

 http://mazedonien.ahk.de

 

Делегацијата на германското стопанство во Македонија е основано во 2000 година во Скопје како Застапништво на Унијата на германските комори за индустрија и трговија (ДИХК)од Берлин. Областа за која сме задолжени се протега на територијата на Македонија и Косово. Среднорочна цел на Претставништвото е основање на билатерална комора за индустрија и трговија (АХК), кога условите во државата ќе го дозволат тоа. Припоено кон Делегацијата на германското стопанство е Македонско-Германското стопанско здружение (МГСЗ), кое со над 200 компании-членки претставува најголема билатерална бизнис асоцијација во Македонија. МГСЗ е непрофитна организација за економска соработка помеѓу Германија и Македонија.

КОИ СМЕ?

  • Нудиме услуги на поддршка како за германски така и за македонски и косовски компании
  • Ние сме дел од светската мрежа од 130 германски стопански комори ширум светот
  • Соработуваме со здруженија и комори во Македонија, Косово и Германија – особено со Унијата на германските комори за индустрија и трговија (ДИХК)од Берлин.

ШТО ПРАВИМЕ?

  • Делегацијата на германското стопанство работи за германски, македонски и косовски клиенти, како и за членовите на МГСЗ за да ги овозможи и олесни нивните бизниси
  • Ние информираме, советуваме и поддржуваме
  • Ги поддржуваме компаниите за сите прашања околу влезот и обработка на пазарот.
  • Развиваме мрежи на контакти и ги спојуваме компаниите за соработка.
  • Организираме настани, за да ги информираме компаниите и да им понудиме платформа за дискусија и нетворкинг.
  • Учествуваме во иницијативи и проекти, кои што ги унапредуваат билатералните економски односи.
  • Ги застапуваме интересите на германските и локалните компании пред политичките и управните органи во Германија и Македонија/Косово.

ЗА ШТО СЕ ЗАЛАГАМЕ?

  • Делегацијата на германското стопанство се залага за квалитет
  • Нашите вработени се нашиот главен капитал
  • Нудиме стручно експертско знаење во комбинација со германско-македонска и германско-албанска јазична и културна компетенција
  • Нудиме поддршка по мерка – од првична информација, па се до континуирана поддршка за Вашите тековни работи
  • Секојдневно се развиваме преку интерни критички дискусии и разговори со членовите и клиентите

Користа за компаниите и развојот на билатералните стопански врски се најважни и секогаш имаат приоритет пред нашите комерцијалните интереси.