Suppliers Balkan Expo – SUBEX 2022

Сакаме да Ве информираме дека Делегацијата на германското стопанство во Северна Македонија (AHK) на 15 и 16 ноември 2022 година го организира саемот Suppliers Balkan Expo - SUBEX во хотел Хилтон Скопје.

SUBEX е дводневен настан за фирми од лесната индустрија (метало-преработувачка индустрија, пластика, дрво, храна и пијалаци, текстилна индустрија) како и ИКТ секторот во областа на индустријата.

Целта е да понудиме можности за соработка помеѓу германски компании и компании од земјите од Западен Балкан и регионот преку Б2Б-средби, конференција со панели, како и дел за изложувачи.

Со задоволство сакаме да Ве поканиме на овој настан како потенцијални купувачи, како и можност да закупите штанд и да се претставите пред голем број на домашни и странски компании и посетители.

Исто така, можете да го поддржите SUBEX преку спонзорство и на тој начин да бидете истакнати на сите промотивни материјали, банери и веб страна. Пакетите за спонзорство се во прилог.

Повеќе информации за SUBEX можете да најдете во Infopager-от во прилог и на веб-страната https://subex-b2b.com/

Информации за SUBEX

Датум: 15-16 ноември 2022

Место: Hotel Hilton DoubleTree Скопје

Учесници: германски компании и компании од регионот

Организатор: Делегација на германското стопанство во Северна Македонија (АХК)

Јазик: англиски/македонски

 

За дополнителни прашања, контактирајте ја Марина Станков на мејлот stankov(at)nordmazedonien.ahk.de