Келн
Ахк Северна Македонија Настани
Иницијатива за пронаоѓање компании добавувачи од Западен Балкан
Почеток на настан
11-10-2023 · 00:00
Крај на настан
12-10-2023 · 00:00

Федералната асоцијација за управување со материјали, набавка и логистика и Сојузното министерство за економија и клима организираат „Деветта иницијатива за пронаоѓање на компании добавувачи од Западен Балкан“ и нудат поддршка во поврзувањето на компании купувачи и компании добавувачи. 
АХК Северна Македонија, дел од германските комори во странство ги кани македонските, албанските и косовските компании од металопреработувачката индустрија да го пријават своето учество.
На 12 октомври во Келн во рамките на оваа иницијатива ќе се одржи Б2Б конференција на која ќе се сретнат менаџери од компании купувачи со менаџери од компании добавувачи. 

Деветта иницијатива за пронаоѓање на компании добавувачи од Западен Балкан:

 Регистрација (бесплатно): www.bmematchmaking.com
 Настан: 11-12 октомври 2023 (Комора за економија и трговија во Келн)
 50 регистрирани компании купувачи
 Во фокус се компании од металопреработувачката индустрија кои се бават со обработка на метал, леење, брусење од Северна Македонија, Србија, Хрватска, Словенија, Албанија, Косово и Босна и Херцеговина

Краен рок за пријавување на компании добавувачи е 28 јули 2023 година. 

Доколку имате прашања, обратете се до нашата канцеларија АХК Северна Македонија кај колегата Рамадан Абдулаи на следниов мејл: abdulai(at)nordmazedonien.ahk.de

Рамадан Абдулаи

Рамадан Абдулаи

Советник за влез на пазарот Северна Македонија,
Албанија и Косово
Сениорски експертски сервис
Скопје