Top Event
Top
Баварија
Ахк Северна Македонија Настани
Делегациско патување на тема: Прехранбена индустрија и пакување на храна
Почеток на настан
19-06-2023 · 00:00
Крај на настан
19-06-2023 · 00:00

Баварското министерство за економиjа и медиуми, енергетика и технологија срдечно Ве поканува на учество во програмата „Bayern – Fit for Partnership“ на тема „Производство, полнење и пакување на прехранбени производи и пијалаци кое ќе се одржи од 19 до 23 јуни 2023 година во Баварија. Целта на ова патување е воспоставување на деловни контакти, размена на „know-how” и искуства од стопански субјекти, усовршување на учесниците, како и продлабочување на деловната соработка помеѓу баварските и македонските претпријатија и институции.

За време на петдневниот настан, учесниците ќе добијат информации во врска со воведувањето и спроведувањето на ЕУ-регулативите, стандардите за квалитет во производството, полнењето и пакувањето на прехранбени производи и пијалаци.

Целна група се раководители, односно носители на одлуки и експерти од македонски претпријатија во областа на прехранбената индустрија и индустријата за пакување.

После подолго време поради Корона-пандемија, оваа студиска посета ќе се реализира со физичко присуство.

Трошоците за учество на студиското патување изнесуваат 45 евра од ден по лице (225 евра за 5 дена). Дополнително секој претставник си го плаќа летот до Германија. За вториот претставник од иста компанија партиципацијата изнесува 750 евра.

Крајниот рок за пријавување е 21 април 2023 година.  

Ви ветуваме продуктивна и интересна стручна програма во Баварија и со задовoлство ја очекуваме Вашата пријава. Во прилог Ви ја испраќаме драфт-агендата и прашалникот за пријавување.

Доколку сакате да се пријавите, пополнетиот прашалник испратете го на Марина Станков stankov(at)nordmazedonien.ahk.de  

Програма BFP

Прашалник

 

Марина Станков

Марина Станков

Event Management, Bundes- und Landesprojekte
Skopje